Џуд Белингам изјави дека Англичаните мораа да покажат подобра игра на шампионатот, но исто така истакна дека не треба да се фокусираат сите само на негативните аспекти.
„Можевме да се претставиме многу подобро, не го негирам тоа. Но, луѓето треба да разберат дека големите турнири за националните тимови се многу поразлични од клупскиот фудбал. Тоа е сосема различен стил на игра. Не треба да го заборавиме тоа. Сезоната беше долга и повеќето играчи бевме изморени – и физички и психички. Изморени сме, но за нашата земја сакавме да дадеме сѐ од себе. Во финалето имавме чувство дека сме се вратиле во натпреварот кога постигнавме гол, но на крајот загубивме на суров начин.Сакавме да го направиме народот на Англија горд на нас. Не успеавме и има причини за тоа. Има искуства и нешта што можеме да ги извлечеме од овој турнир за во иднина. Мислам дека ако гледате на сѐ негативно, ништо никогаш нема да се промени”