Фудбал

Белами: Разочарани сме од ремито

Белами: Разочарани сме од ремито

Велшкиот селектор Крег Белами по ремито со Македонија (1-1) беше задоволен од изданието на неговите избраници, но не задоволен од конечниот резултат.

„Го контролиравме мечот и бевме подобар тим. Фудбалот е суров некогаш, последните шест минути беа вистинки пекол, не сакав ниту да погледнам на семафорот. Чувствував дека можеме да израмниме и по примениот гол. 

Одамна не сме биле поразени на болен начин, драго ми е што освоивме бод, но морам да кажам дека сме разочарани и покрај резултатот. Можевме да бидеме уште погорди денес, но мораме да гледаме напред и да мислиме на следните мечеви“, изјави Белами.

To top