Главниот селектор на фудбалската репрезентација на Велс Крег Белами, се обрати до медиумите на прес-конференција одржана пред клучниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 против Македонија нагласувајќи дека неговиот тим влегува во дуелот со јасна цел, но и со потребната доза трпение и зрелина.
Белами објасни дека е позитивно што овој меч носи реална тежина, бидејќи во минатото често играле дуели без резултатска важност, додека сега се наоѓаат во ситуација која носи мотив, притисок и вистинска спортска психологија.
„Би сакал да бидеме на првото место, но пристапувам натпревар по натпревар. Ми се допаѓа што овој меч има резултатска тежина, тоа е ново искуство за мене, бидејќи кога играв последните три или четири натпревари, немавме за што да се бориме, па затоа ова ми претставува позитивно чувство. Секогаш е голема предност кога се игра на домашен терен, така е во секој спорт. Свесни сме дека мора да победиме, но мора да бидеме трпеливи. Македонија игра со длабока одбрана, не инсистира на посед, но многу добро ги изведува своите контранапади. Мора да бидеме внимателни“, изјави Белами.