Фудбал

Беќири: Голема победа за нас

Беќири: Голема победа за нас

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, беше видливо задоволен по историската победа на својот тим над романскиот ФЦСБ во Букурешт, во натпревар што привлече големо внимание на европската сцена.

„Ова е навистина голема победа за нас. Да се совлада екипа со ваков квалитет, пред ваква публика и во ваква атмосфера, не е мала работа. Сакам да им честитам на сите играчи, на клубот, на навивачите, на секој кој е дел од Шкендија“, изјави Беќири веднаш по натпреварот.

И покрај провокациите од домашната страна пред и за време на натпреварот, стратегот на тетовскиот клуб покажа спортски респект кон противникот.

„Импресиите се силни. И покрај сите провокации, имам голем респект за ФЦСБ. Станува збор за клуб со традиција, имаат сопственик кој вложува сериозно во фудбалот и тренер кој знае што прави.“, потенцираше Беќири.

To top