Италијанскиот дефанзивец Алесандро Бастони веќе ги прифатил личните услови што му ги понудил каталонскиот гигант и дал зелено светло да започнат официјални преговори меѓу двата клуба.
Според информациите, Барселона е подготвена да му понуди и повисока плата од онаа што ја заработува на „Џузепе Меаца“.
Интересно е што Бастони за првпат откако е дел од Интер покажал подготвеност за нов предизвик, а токму Барселона била негов прв избор.
Од друга страна, финансиските проблеми на италијанскиот клуб би можеле да го олеснат трансферот, бидејќи Нераѕурите се приморани да продадат дел од своите ѕвезди.