Барселона договори уште едно засилување, но не за оваа, туку за идната сезона.
Станува збор за 20-годишниот Чади Ријад кој минатото лето му беше продадемн на Бетис, но со опција за откуп на договорот за седум милиони евра.
Ријад е производ на фудбалската школа на Барселона, беше и на подготовки со првиот тим, но не доби шанса на официјални натпревари. Со оглед на тоа што се служи со левата нога, тој беше логичен избор на Чави, а со него продолжува подмладувањето на каталонскиот тим.
Сепак, за да го регистрира Ријад, Барса ќе мора да продаде двајца стопери. Едниот најверојатно ќе биде Ерик Гарсија, а за вториот ќе се бира меѓу Жил Кунде и Андреас Кристенсен. Поголеми се шансите да си замине Данецот кој и сега не е прв избор во одбраната.