Шпанскиот фудбалски клуб Барселона го продаде Микаел Фаје каде младиот дефанзивец ќе ја продолжи кариерата во Рен.
20-годишниот дефанзивец се сели кај Французите за околу 10,3 милиони евра, а неговиот договор вклучува клаузула за иден откуп од Барса во износ од 25 милиони евра, како и дека 30% од неговата идна продажба.
Барселона има финаниски проблеми па мора да продава и свои таленти, со цел да може да го регистрира новото засилување Дани Олмо.