Баер Леверкузен потврди дека се засилува со младиот Аргентинец, Алехо Уриел Сарко.
Станува збор за 18-годишен фудбалер кој како слободен фудбалер пристигнува во Баер од редовите на Велез Сарсфилд, а потпиша договор на четири години.
„Ова е момент за кој сонував. Баер долго време покажуваше интерес за мене и внимателно ја следев минатата сезона во клубот. За мене е возбудливо што сум дел од од овој тим“, изјави Сарко.
Во овој момент Баер Леверкузен е второпласиран тим во Бундеслигата со четири бода помалку од Баерн Минхен.