Фудбал скапо ама вреди

Баер ја одреди цената за Чаби Алонсо

Чаби Алонсо бележи историски резултати на чело на Баер Леверкузен, „фармацевтите“ предводени од шпанскиот стратег се на добар пат конечно да стигнат до титулата во Бундес-лигата, па шпанскиот стратег неслучајно е најпосакуваното тренерско име на пазарот за летниот преоден рок.

Баер ја одреди цената за Чаби Алонсо

Чаби Алонсо бележи историски резултати на чело на Баер Леверкузен, „фармацевтите“ предводени од шпанскиот стратег се на добар пат конечно да стигнат до титулата во Бундес-лигата, па шпанскиот стратег неслучајно е најпосакуваното тренерско име на пазарот за летниот преоден рок.

Алонсо има договор со Баер на уште една година, но „фармацевтите“ имаат дадено ветување дека нема да му застанат на патот ако добие понуда од клуб од самата светска елита, и планираат да го исполнат дадениот збор. Само што, челниците на клубот од Леверкузен нема да ја пропуштат и можноста добро да заработат на трансферот на тренерот. Германските медиуми обелоденија дека веќе е одредена и цената за отштета за Чаби Алонсо, во висина од 25 милиони евра со што Шпанецот би се израмнил со Нагелсман (кога од Лајпциг премина во Баерн Минхен) како најскап тренерски трансфер во историјата.

Сумата е висока, но нема да претставува проблем за двата клуба кои се најзагреани за ангажман на Чаби Алонсо, Ливерпул и Баерн Минхен. „Црвените“ веруваат дека Алонсо е идеален кандидат за наследник на Јирген Клоп, додека Баерн бара тренерот како предводник на нов проект по најавеното заминување на Тухел на крајот од сезонава. Шпанецот во неколку наврати потенцираше дека моментно е фокусиран само на Баер Леверкузен и битките за трофеи, но неговата иднина дефинитивно е надвор од „Бај Арена“.

Останува само да се види кој од двата клуба за кои настапуваше како фудбалер, Чаби Алонсо ќе го избере за нов предизвик во својата тренерска кариера.

To top