Фудбал

Бабунски повеќе не е играч на швајцарски Грасхоперс

Оваа сезона во швајцарската Суперлига, Бабунски одигра два натпревари без гол, додека во Купот на Швајцарија даде гол во единствениот настап.

Бабунски повеќе не е играч на швајцарски Грасхоперс

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски од денес не е повеќе играч на швајцарскиот клуб Грасхоперс.

28-годишникот беше дел од „скакулците“ од месец август 2023 година, но не успеа да се наметне. Иако тргна добро и успеа да постигне голови, следеше една повреда која го сопре. И оттогаш, немаше голема минутажа, објави Гол.мк.

Оваа сезона во швајцарската Суперлига, Бабунски одигра два натпревари без гол, додека во Купот на Швајцарија даде гол во единствениот настап.

Низ кариерата Дориан Бабунски настапуваше и за Дебрецен од Унгарија, Ботев Враца од Бугарија, Мачида и Кагошима од Јапонија, потоа Радомље и Олимпија од Словенија, како и Фуенлабрада и младинските категории на Реал Мадрид во Шпанија.

To top