Фудбал

Атрактивен гол на Аријан Адеми за Динамо Загреб (ВИДЕО)

Атрактивен гол на Аријан Адеми за Динамо Загреб (ВИДЕО)

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми постигна атрактивен гол во ремито на Динамо Загреб со Истра 1961 во првата хрватска лига.

Гостите од Загреб важеа за фаворити во ова соочување, но двапати беа во негатива, двапати се враќаа за конечни 2-2.

Првиот погодок за Динамо беше дело на капитенот Адеми кој реализираше мајсторски со глава во 52 минута. Ова за играчот за врска беше втор сезонски гол во домашниот шампионат.

Аријан го одигра целиот натпревар исто како и македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски.

To top