Без трофеј заврши сезоната за Атлетико Мадрид. Токму затоа плановите за следната сезона се тимот осетно да се засили. Па така се споменуваат Џек Грилиш и Антони, кои биле на списокот со желби кај стратегот на клубот од Мадрид.
Грилиш од Манчестер Сити би можел да дојде и како позајмен играч, додека за Бразилецот кој одигра фантастична пролет во дресот на Бетис како позајмен играч на Манчестер Јунајтед, ќе се преговара со клубот од “Олд Трафорд“ за целосен откуп на договорот.