Јани Атабасов беше дел од тимот на Македонија на пријателскиот дуел против Чешка кој нашиот национален тим го загуби со 1-2. Два пенали доби ривалот, навидум спорни, а Атанасов жали што добрата игра во вториот дел не се крунисала барем со реми.
„Противникот доби два пенали како што ги доби и ние доживеавме пораз. Одигравме еден борбен меч, покажавме дека сме зрели тактички и дека можеме да се носиме со секого. Со две наши мали грешки, го загубивме мечот. Сигурно е дека тие грешки не сакавме да ги направиме, но фудбалот е таков. Секогаш може да играме похрабро, со вакви репрезентации мора да имаме самодоверба и да одиме на победа. Се надевам дека ќе работиме на тоа и ќе го покажеме во септември“, изјави Атанасов.