Аталанта официјално го ангажираше Даниел Малдини. „Бергамаските“ ќе платат 10 милиони евра на Монца за трансферот на италијанскиот репрезентативец. Договорот на Малдини ќе трае до летото 2029 година.
23-годишниот фудбалер минатото лето прејде во Монца од Милан за 5 милиони евра. Во текот на сезоната одигра 20 натпревари во Серија А и постигна три гола.
Неговите добри настапи му донесоа повик во италијанската репрезентација, каде што веќе забележа три настапи за „аѕурите“.