Англискиот премиерлигаш Астон Вила, е заинтересиран за крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Донјел Мален.
Холанѓанецот и самиот сака да игра во Премиерлигата, па така не е исклучено уште во јануари да направи трансфер во Бирмингем.
Мален е дел од Борусија од 2021 година откако дојде од ПСВ. За „милионерите“ одигра повеќе од 100 меча.
Досега англискиот тим испратил две понуди, од кои првата од 15 и втората од 18 милиони евра. Наводно германската екипа барала 25 милиони.