Фудбал

Ашраф Хакими ќе отсуствува два месеци

Ашраф Хакими ќе отсуствува два месеци

Ашраф Хакими ќе биде надвор од терените најмалку два месеци поради повреда.

Десниот бек на ПСЖ се повреди по грубиот старт на Луис Дијаз, кој веднаш доби црвен картон.

Хакими со тешкотии го напушти теренот, а подоцна беше виден на патерици, што ги потврди стравувањата дека повредата е сериозна.

Француските медиуми објавија дека мароканскиот репрезентативец ќе мора да паузира најмалку осум недели, што значи дека ќе го пропушти и почетокот на Африканскиот куп на нации кој започнува на 21 декември.

Ова е голем удар за селекцијата на Мароко, бидејќи Хакими е капитен и еден од најважните играчи во тимот.

To top