Фудбал поради повреда

Ашковски нема да настапи на натпреварите во Анталија

Бекот на македонската репрезентација, терапијата ќе ја продолжи во својот клуб Алашкерт, Ерменија.

Ашковски нема да настапи на натпреварите во Анталија

Македонскиот фудбалер Стефан Ашковски поради повреда на левиот скочен зглоб не е во можност да конкурира за настап на претстојните два натпревари на А репрезентацијата против Молдавија и Црна Гора.

– Ашковски веќе три недели го мачи повредата на скочниот зглоб. Во деновите минати со репрезентација во Анталија, беше на физикална терапија, но тој процес на закрепнување се покажа дека не е доволен за да може да конкурира за настап на 22 март против Молдавија и три дена подоцна против Црна Гора, објави Фудбалската федерација на Македонија.

Бекот на македонската репрезентација, терапијата ќе ја продолжи во својот клуб Алашкерт, Ерменија.

To top