Ерлинг Халанд беше многу блиску до освојување на наградата на ФИФА за најдобар светски играч.
Имаше ист број поени како и Лионел Меси, но наградата сепак му припадна на Аргентинецот поради гласовите на капитените на репрезентациите.
Оваа ситуација на крајот може да донесе сензационален трансфер на норвешкиот напаѓач.
Во летото 2022 година, Манчестер Сити го донесе Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Тој беше платен 60 милиони евра и веќе собори бројни рекорди во дресот на Граѓаните со кои минатата сезона ја освои тројната круна.
Сепак, 23-годишниот напаѓач сака да освојува и индивидуални награди. Токму затоа, тврди шпанскиот весник АС, тој решил во наредниот период да го смени клубот за да има поголеми шанси да стане најдобар во светот.
Бидејќи ветеранот Лионел Меси го победи на изборите за најдобар во светот, тоа наводно му ги отворило очите на Халанд и тој верува дека трансферот во Реал Мадрид може да му донесе индивидуално признание во иднина.
„Ерлинг Халанд и неговиот табор го доживеаја поразот од Меси како повик за будење. Наградата за најдобар му ги отвори очите и Норвежанецот е јасен. Тој сака да му се приклучи на Реал Мадрид за да има многу поголеми шанси да освои индивидуални награди во иднина“, вели А.С.
Сезонава Халанд на 23 одиграни натпревари постигна 19 гола.