Шефот на стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета ги пофали своите фудбалери за прикажаната игра во синоќешната победа над Челзи.
„Топчиите“ славеа со 3:2 на гостински терен во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Англија.
-Игравме против навистина силен тим на тежок стадион. Многу сум горд на она што го постигна мојот тим. Начинот на кој играме на секои три дена е импресивен. Сакаме редовно да играме во полуфиналето. Целата работа што ја завршивме во текот на сезоната е важна. Враќањето на Хаверц? „Ова го крева нивото на тимот, а ни е потребно. Секој ќе има време за играње со оглед на бројот на натпревари што ни претстојат, па затоа ми е мило што ги имаме сите играчи, изјави Артета за „Би-би-си“.
Реванш натпреварот ќе се одржи на 3 февруари на стадионот „Емирати“.
Во другиот полуфинален натпревар, Манчестер сити го победи Њукасл со 2:0 и се стекна со предност пред реваншот.