Арсенал доживеа пораз во уште една лондонска пресметка на крајот на оваа 2023 година, односно по Вест Хем ги матираше и Фулам кој славеше на денешното соочување на „Кревин Котиџ“ со 2-1.
–Тежок ден, тажен ден. Пред три дена [пораз од Вест Хем] загубивме натпрервар кој сакавме да го добиеме, ова денеска беше нашиот најлош натпревар во сезоната. Темпото, целта што ја имаме во нападот, дефанзивно бевме втори, не можевме да доминираме и имавме проблеми поради тоа. Не направивме доволно со тоа [поседот] – недоволна намеска брзина или закана. Бевме невешти со топката. Не беше добро, не заслуживме да победиме. Кога на 31 декември имате можност да отидете на врвот во лигата и сега да завршите со навистина лошо чувство, тоа е фудбалот. Линиите се навистина тенки.Ако играме како што игравме во другите 19 натпревари, ќе бидеме таму [во лигата на крајот од сезоната]. Ако играме како денес, нема да бидеме ни блиску. Денес беше навистина тежок ден за голтање, -порача менаџерот Микел Артета.