Арсенал мораше да прави пресврт, но на крајот го победи Евертон, што се покажа како недоволно за освојување на толку посакуваната титула во Премиер лигата.
Во обраќање кон фановите Михаел Артета, шпанскиот стручњак ветил фокусиранот на остварување на главната амбиција и нејзина реализација.
– Сега е време да одмориме и да размислуваме, а вие продолжете да не притискате и инспирирате. Не треба да бидете задоволни од ова, бидејќи сакаме многу повеќе и ќе дојдеме до тоа.Ако правиме тоа што треба да правиме, ќе бидеме уште поблиску и на крајот ќе ја освоиме титулата. Не знам кога ќе се случи тоа, но сигурен сум дека ќе успееме. Во минатото со 89 поени би ја освоиле лигата, но денеска тоа не е доволно, – рекол Артета.