Арсенал го победи Менсфилд Таун со 2:1 попладнево на гостински терен во осминафиналето на ФА Купот.
Нони Мадуеке (41. минута) и Еберечи Езе (66.) постигнаа по еден гол за Лондонци. Вил Еванс го постигна единствениот гол за домаќините (50. минута).
Арсенал е вториот тим што се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот. Ливерпул претходно го победи Вулверхемптон Вондерерс со 3:1 во осминафиналето.
Вечер играат Врексам – Челзи и Њукасл – Манчестер сити.