Според островските медиуми, Арсенал се чини дека доставил сериозна понуда за играчи кои го привлекоа вниманието на неодамнешното Европско првенство.
Во наредните денови нов член на лондонскиот клуб треба да стане италијанскиот дефанзивец Рикардо Калафиори (22), кој пристигнува од Болоња за обештетување од околу 50 милиони евра, а сега на радарот е и Микел Мерино, играчот на Реал Сосиедад, за кого Арсенал ќе мора да плати најмалку 70 милиони евра.