Арсенал е еден од тимовите коj тргна да го доведe во своите редови Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.
Тренерот на Арсенал, Шпанецот Микел Артета сака да ја искористи последната шанса и да го доведе Вилијамс во Лондон. откупната клаузула на Вилијамс е 55 милиони евра и се верува дека тоа не треба да преставува некој голем проблем за Арсенал.
Сепак, дури и двата тима да се договорат, Вилијамс треба да сака да направи трансфер во лондонскиот тим.
Досега Вилијамс неколку пати покажал дека е лојален на Атлетик Билбао, но има уште помалку од 10 дена да се случи евентуален трансфер и тој да си замине од клубот во кој се приклучи од неговата 11 година.