Фудбалерите на Арсенал со победата од 2:1 против Брајтон во 18.коло остануваат на лидерската позиција до Нова година. Тие попладнево се изборија за 13-та победа во шампионатот и со тоа го минаа Манчестер Сити. Арсенал има 42 бода или два повеќе од Манчестер Сити.
Арсенал поведе во 14.та минута со голот на капитенот Мартин Одегард, а на 2:0 „топџиите“ зголемија по автоголот на Жоржињо Рутер во 52.минута. Голот за Брајтон го постигна Диего Гомез во 64.минута.
На другите дуели одиграни попладнево беа постигнати следниве резултати: Нотингем Форест – Манчестер Сити 1:2, Брентфорд – Бурнемут 4:1, Ливерпул – Вулверхемптон 2:1, Барнли – Евертон, Вест Хем – Фулам 0:1.
Во терминот од 18:30 часот играат: Челзи и Астон Вила.