Фудбал

Арсенал ќе потроши 150 милиони фунти на две засилувања

Арсенал ќе потроши 150 милиони фунти на две засилувања

Според англиските медиуми, Артета побарал две нови засилувања, и двете од Премиер-лигата со кои верува дека конечно ќе стигне до титулата, а раководството на Арсенал е подготвено да потроши 150 милиони фунти за да ја исполни оваа желба на шпанскиот стручњак.

Ангажманот на нов голгетер ќе биде приоритет за летово, а Александер Исак е фудбалерот што Артета сака да го види во својот тим. Шведскиот ас блеска во дресот на Њукасл и претставува кошмар за противничките дефанзивци, а само неколкуте повреди што го имаа го спречија да биде во трката со Халанд и Палмер за најдобар стрелец во Премиер-лигата.

Њукасл не сака да го продаде својот најдобар стрелец, но „црно-белите“ имаат проблеми со финансискиот ферплеј, а Арсенал планира да го искористи тоа и со понуда од 90 милиони фунти да го доведе Исак на „Емирати“.

Вториот играч на листата со желби на Артета е Михаел Олис од Кристал Палас.

To top