Фудбал

Арсенал ќе доведе шпански репрезентативец

Арсенал ќе доведе шпански репрезентативец

Според новинарот Николо Скира, Арсенал се договорил со играчот од средниот ред Микел Мерино. На играчот му бил понуден договор до летото 2028 година кој го прифатил, сепак, за да се реализира трансферот треба „топчиите“ и Сосиедад да се договорат околу откупната сума.

Во меѓувреме претседателот на Сосиедад, Хокин Аперибај изјави дека ќе направи се за да го убеди Мерино да остане во Сан Себастијан.

Мерино играше за Њукасл, Борусија Дортмунд и Осасуна. Има и 28 настапи за Шпанија.

To top