Фудбал

Арсенал ќе биде без Калафиори на дербито со Ливерпул

Арсенал ќе биде без Калафиори на дербито со Ливерпул

22-годишниот дефанзивец на Арсенал, Рикардо Калафиори се повреди на натпреварот од 3. коло на Лигата на шампионите со Шахтјор (1:0). Повредата на коленото е помалку сериозна отколку што првично се мислеше.

Според „Скај Спортс“, фудбалерот има мало оштетување на медијалните колатерални лигаменти на десното колено, што значи дека повторно ќе го извади од игра неколку недели.

Ако лекарските вести ги потврдат шпекулациите, Арсенал викендов на дербито со Ливерпул нема да смета на италијанскиот репрезентативец.

To top