Фудбал репрезентација

Аријан Адеми стави крај на репрезентативната кариера

Селекторот Благоја Милевски денеска откри дека по разговор со Аријан Адеми, од лични причини се одлучил да стави крај на играњето во репрезентацијата.

Според Милевски, Аријан бил категоричен во одлуката, и откри дека ќе му биде организиран последен натпревар во националниот тим.

„Посебно жалам поради отсуството на Аријан Адеми, кој од лични причини одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Имав разговор со Аријан. Ќе ни недостасува и како личност и како фудбалер. Категоричен е во одлуката. Чувствува дека ова е моментот за крај на настапите во репрезентацијата и нема да сметаме на него. Треба сите да искажеме благодарност за неговиот придонес за македонската репрезентација и за нашиот фудбал воопшто. Предложивме да организираме натпревар за простување, негова е одлуката за тоа дали тоа би се случувало на натпреварот против Хрватска на 3. јуни или на првиот домашен натпревар во Скопје“, рече Милевски.

To top