Италијанскиот фудбалски тренер Антонио Конте ќе биде нов стратег на Наполи.
Договорени се сите детали од договорот кој ќе биде со важност до јуни 2027 година. Конте ќе заработува меѓу 8 и 9 милиони евра годишно, со што ќе стане најплатен тренер во Италија.
Конте беше слободен повеќе од една година и чекаше вистински проект за да се врати на тренерското столче.
Конте веќе ги комплетирал сите детали во преговорите и ќе биде претставен како нов тренер на Наполи во понеделник.