Мајкл Антонио беше отпуштен од болницата во Лондон откако на седми декември имаше тешка сообраќајна несреќа во областа Есекс. Напаѓачот на Вест Хем имаше операција на ногата и остана во болница повеќе од 20 дена.
Откако беше ослободен реши да се обрати на навивачите и испрати емотивна порака. Тој нагласи дека сега го знае значењето на животот по тешката ситуација.
„Секоја година во ова време ме прашуваат на што сум благодарен и секоја година се мачев да најдам вистински зборови. Сепак, оваа година точно знам на што сум благодарен: што сум жив.
Сакам да го искористам моментот да признаам нешто што го разбрав – минав толку години земајќи го животот здраво за готово. Правев планови за следниот ден, следната година секогаш под претпоставка дека утрешниот ден е загарантиран. Видов како блиски пријатели умираат, бев сведок дека другите се соочуваат со смрт на блиските, а ниту тогаш не сфаќав колку животот е драгоцен.
Она низ што неодамна минав ми ги отвори очите. Животот е кршлив и секој момент е важен. Благодарен сум на Бог што ми даде сила да продолжам и ми даде шанса да бидам тука.
На службата за итна помош, здравствените работници и сите во болницата Ројал Лондон и Кромвел, исто како и сите членови на Вест Хем. Немаше да можам да минам низ ова без вас. Благодарност од срце.
На крајот, сакам да се заблагодарам на целата фудбалска заедница за љубовта и поддршката која ми ја покажавте. Тоа навистина ми значеше. Ве сакам сите и бескрајно сум благодарен на секој од вас. Среќна Нова година – и наскоро ќе се вратам на терените“, напиша Антонио.