Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саугејт, го објави списокот на повикани фудбалери кои ќе конкурираат за настап на претстојните квалификациски натпревари против Малта и Македонија.
„Трите лава“ веќе обезбедија „виза“ за Европското првенство догодина, но и покрај тоа, важат за големи фаворити против двата ривала. Сигурно е дека победа над Малта малку би ја „растоварила“
Англија пред гостувањето во Скопје, но Саутгејт најавува пожртвувана игра и вистински пристап кон предизвиците.