Поранешниот играч на Милан и Челзи, Андриј Шевченко едногласно е избран за претседател на Фудбалскиот сојуз на Украина.
Шевченко доби 93 од 94 можни гласови. Како делегат имал право на глас, но не го сторил тоа, стои во огласот.
Шевченко е најдобар стрелец на украинската фудбалска репрезентација со 48 гола на 111 натпревари, кои ги постигна од 1995 до 2012 година.
Освои бројни трофеи со Динамо Киев, Милан и Челзи, а во 2004 година ја освои Златната топка за најдобар фудбалер на светот.