Фудбал златна топка

Анчелоти веќе „знае“ кој ќе ја освои „Златната топка“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е сигурен дека наградата за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2023/24 ќе ја добие Винисиус Јуниор.

Анчелоти веќе „знае“ кој ќе ја освои „Златната топка“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е сигурен дека наградата за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2023/24 ќе ја добие Винисиус Јуниор.

Бразилецот го постигна вториот гол во победата на Мадрид со 2-0 над Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите.

“Винисиус е добитник на Златната топка. Без сомнение”, изјави Анчелоти.

Покрај настапот на клупската сцена, за оваа престижна награда многу ќе зависи и од претстојното Европско првенство и Копа Америка , бидејќи конечно е променето правилото за оценување на настапот во календарската година. Сега одлучува впечатокот кој играчот го остави во целата сезона.

Добитникот на „Златната топка“ ќе биде познат во октомври, а овогодинешното гласање е особено интересно бидејќи во сериозна конкуренција се двајца соиграчи од Реал Мадрид – Џуд Белингам и Винисиус Јуниор.

Англичанецот постигна повеќе голови, но Бразилецот беше прецизен во финалето на Лигата на шампионите.

Белингем имаше фантастичен старт на сезоната, а изданието на Европското првенство може да ја донесе предноста на негова страна.

To top