Фудбал

Анчелоти: Многупати сме се враќале, мораме и сега!

Анчелоти: Многупати сме се враќале, мораме и сега!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше пред медиумите по високиот пораз од Арсенал 3-0 во Лондон во рамки на четвртфиналето во Лигата на шампионите. Истакна дека верува во своите играчи, кои може да се исправат по лошиот ден во англискиот град.

„Многупати сме се враќале, мораме и сега. Мора да гледаме напред. Со Арсенал не игравме фудбал. Мора на реваншот да бидеме многу подобри и тоа уште од првата минута. Не очекувавме ваков дуел и мора да бидеме самокритични. Имаме мали шанси, знаеме, но ќе се обидеме. Паднавме по вториот гол. А, зошто паднавме? Тешко е да се најде објаснување… Арсенал беше подобар, ги правеше сите работи подобро. Ние имавме проблеми со блокот. Тоа ни се случува цела сезона. Никој од нас не очекуваше Арсенал да даде два гола од слободен“, изјави Анчелоти.

 

To top