Реал Мадрид и Борусија Дортмунд утре ќе се борат за европска титула на „Вембли“, а Карло Анчелоти денеска ја одработи и последната прес-конференција како најава за големото финале.
Тренерот на новиот шпански шампион зборувал за очекувањата од утрешната средба и ситуацијата во редовите на Реал, потенцирајќи дека Тибо Куртоа дефинитивно ќе биде стартер во неговиот тим.
Италијанскиот стратег открил и што ќе им порача на своите фудбалери утре пред средбата.
– Приоритет е да им се пренесат јасни идеи на фудбалерите. Треба да се биде директен, бидејќи на тој начин се избегнува непотребна нервоза, така што ќе се фокусирам на тактиката. Квалитетот и колективното жртвување се најважни и тие ќе бидат клучот за победникот во утрешното финале, – рекол Анчелоти.