Уругвај покажа класа и со перфектен учинок се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка, а рано утрово победи и на меч на кој немаше никаков императив да брка три бода.
Тимот на Марсело Биелса ги шокираше Американците и домаќинот на турнирот остана елиминиран во воведната фаза, па не чуди фактот што имаше и голема нервоза и тензија по крајот на натпреварот.
Копа Америка остана без ооррганизаторот и тоа посебно тешко го прифати Кристијан Пулишиќ, кој по сериозните забелешки за судиите, на крајот наиде и на неверојатна и несекојдневна ситуација.
Американскиот капитен беше во центарот на вниманието во завршната фаза од мечот, а сериозните протести направија да биде игнориран од главниот судија.
Иако им подаваше рака, Пулишиќ не доби доби одговор само од помошникот, па ваквото однеување донесе и многу критики за Кевин Ортега.
What an absolute disgrace Kevin Ortega is! Refuses to shake Pulisic’s hand after the match! Good on Christian for giving him a piece of his mind.
— Star Spangled Ballers (@SpangledBallers) July 2, 2024