Репрезентативецот na фудбалската репрезентација Езџан Алиоски не го криеше задоволството по големото реми со Англија.
„Тимски добро одигравме и тактички добро стоевме, а тоа ни требаше. Тешко беше да создаваме шанси и да имаме посед, меѓутоа во дефанзива бевме добри и така треба да играме против поголемите екипи. Против големите екипи имаме фокус и сме добри, но треба исто и против Украина, Грузија… Со ваква концентрација и дисциплина како против Англија, може да направиме нешто и за иднината“, изјави Алиоски.