Јунакот на мечот Џани Алиоски со прекрасен гол ја спаси македонската репрезентација од пораз во третиот натпревар од групата во мундијалските квалификации. Неговата добра форма пролетва од Ал-Ахли се покажа на дело и во дуелот со „ѓаволите“ вечерва. Алиоски беше краток во импресиите пред новинарите.
„Ако си крал – крал си. Среќен сум за голот. Нормално, секогаш сакаме да победуваме, а и имавме шанси вечерва. Сепак, Белгија е добра селекција, Сега сакам да го победиме Казахстан в понеделник“, рече Алиоски.