Фудбал

Алесандро Неста нов тренер на Монца

Алесандро Неста нов тренер на Монца

Досегашниот тренер на Реџана, Алесандро Неста ја презема улогата на нов тренер на прволигашот Монца, објавија од клубот попладнево.

Првиот човек на Монца, Адријано Галијано, се договори со својот некогашен фудбалер од времето додека беа во Милан и 48-годишниот италијански стручњак седнува на клупата на Монца од 1 јули 2024 година.

Откако го објави своето пензионирање како играч во 2014 година, Неста работеше како тренер за три различни тимови. Почна во Мајами во САД, па потоа се врати во Италија за да ја води Перуџа во сезоната 2017/2018, а потоа и Фросиноне во Серија Б (2019–2021).

Минатата сезона во Серија Б со Реџана заврши на 11-то место.

To top