Фудбал

Александар Ставрев и Дејан Јакимовски нови контролори во УЕФА

Александар Ставрев и Дејан Јакимовски нови контролори во УЕФА

Двајца македонски судии се најдоа на најновата листа на контролори кои влегуваат да бидат дел од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и највисоките натпревари во европскиот фудбал.

Александар Ставрев и Дејан Јакимовски се двете имиња од Македонија кои ја добија големата чест.

Зад себе имаат импресивна интернационална кариера и многу отсудени мечеви, а овој потег УЕФА се реши за да го добие нивното искуство на дело, но во поинаква улога.

Судиите кои влегуваат на најновата листа на контролори на УЕФА ќе имаат курс во месец мај во УЕФА па ќе добијат улога за интернационални контролори со мандат 2025 – 2027 година.

Ставрев и Јакимовски беа дел од најдобрите македонски судии, но сега се во пензија.

To top