Фудбал

Алеиш Гарсија прво засилување за Леверкузен за наредната сезона

Алеиш Гарсија прво засилување за Леверкузен за наредната сезона

Алеиш Гарсија од екипата на Жирона е првото засилување за шампионот на Германија, Баер Леверкузен.

Јавноста остана изненадена од објавата на „фармацевтите“ кои се пофалија со ангажманот на фудбалерот од средниот ред, бидејчи интерес за него имаше и од Барселона, па многу пологичен беше тој трансфер.

Гарсија според Трансфермаркет во моментов вреди 25 милиони евра, но Баер ќе плати само 18 милиони евра за неговиот ангажман.

27-годишниот фудбалер потекнува од академијата на Виљареал, а во својата кариера забележа и два настапи за репрезентацијата на Шпанија.

To top