Фудбал казна

Албанските медиуми ја објавија казната која УЕФА му ја изрекла на Даку

Мирлинд Даку се најде во центарот на вниманието и на македонската спортска јавност, од едноставна причина што албанскиот фудбалер го прослави осовениот бод против Хрватска со невкусни и недолични навреди кон сите Македонци.

Националистичка навредлива порака која ја испрати Даку за сите Македонци брзо стана доста популарна и пренесена и од најугледните светски медиуми, па откако со официјална реакција се јави и ФФМ, беше јасно дека случајот на Мирланд ќе биде воден одвоено од нередите кои ги направија албанските фанови.

УЕФА попладнево информираше дека албанската Федерација е газнета со 47.500 евра за невкусните пораки и пиротехничките средства употребени од фановите, но угледните албански медиуми еден час подоцна ја откриваат и казната која ќе ја заработи Даку.

Повикувајќи се на блиски извори пренесени од Германија, УЕФА одлучила да го казни Даку со два меча неиграње на интернационално ниво, што автоматски значи дека Мирлинд нема да игра против Шпанија, но и во осминафиналето доколку Албанија се пласира во нокаут фазата.

За своето примитивно однесување, Даку доби жестоки критики во јавноста и неговите постапки беа осудени и од неговиот клуб Рубин Казан, па иако тоа не го чинеше суспензија од Европското првенство, постојат големи шанси тој веќе да не заигра на турнирот во Германија.

To top