Фудбал

Ал-Келаифи: Не сме во преговори со Салах!

Ал-Келаифи: Не сме во преговори со Салах!

Пари Сен Жермен никогаш не размислувал да го ангажира Мохамед Салах, изјави претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи.

Француски „Л’Екип“ тврди дека претставниците на Салах разговарале со ПСЖ за потенцијален трансфер, но Ал-Келаифи ги отфрли озборувањата.

„Тоа не е вистина“, рече тој во изјава за „Скај Спортс“.

„Тој е фантастичен и неверојатен играч, но никогаш не сме го разгледувале, да бидам искрен. Знаеме дека секој клуб би сакал да го има, но оваа гласина за нас едноставно не е точна“, дополнил.

To top