Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи му изрази поддршка на тренерот на тимот Луис Енрике.
– Според мене, сега го имаме најдобриот тренер во светот. Тој гради проект за иднината. Резултатите се важни, но ние остануваме фокусирани на нашиот проект. Има и многу гласини за играчи, но ние сме многу јасни. Имаме една од најмладите екипи во Европа, ако не и најмладата, со просечна возраст од 22,5 години. Во медиумите секогаш има шпекулации. Новинарите само сакаат да ги продадат своите весници. Но, јас верувам во нашиот проект, нашиот систем, нашиот тренер и нашиот план, изјави Ал-Хелаифи за „Sky Sport“.
По 13 кола, ПСЖ води во францускиот шампионат со 33 бода. Во Лигата на шампионите парискиот тим по пет кола е на 25. место со четири бода.