Фудбал псж

„Ако ПСЖ не ги плати парите што ги должи, ќе се видиме на суд“

Мајката на Килијан Мбапе, Фајза Ламари, во интервју за „Паризиен“ говореше за трансферот на француската суперѕвезда во редовите на Реал Мадрид.

„Ако ПСЖ не ги плати парите што ги должи, ќе се видиме на суд“

Мајката на Килијан Мбапе, Фајза Ламари, во интервју за „Паризиен“ говореше за трансферот на француската суперѕвезда во редовите на Реал Мадрид.

Мбапе мина неколку фантастични сезони во дресот на ПСЖ, но летово го напушти францускиот првак за да се пресели во Реал Мадрид.

„Реал е најголемиот клуб во светот, нема сомнеж околу тоа. Уште првиот ден ја видовме разликата, на пример во споредба со ПСЖ. Атмосферата на Паркот на принцовите секогаш беше фантастична, но кога ќе дојдете во Реал ја чувствувате тежината на институцијата, сфаќате колку е голем овој клуб. Килијан го знаеше тоа и токму затоа сакаше да дојде. Мислам дека ако не беше Реал во прашање, тој ќе останеше цела кариера во Париз, но не сакаше да ја пропушти шансата да заигра за најголемиот клуб во светот“, изјави Ламари.

Таа ги потврди гласините дека францускиот првак му должи огромна сума на пари на неговиот син, од платата и бонусите од последната година од договорот со ПСЖ.

„Таа приказна продолжува, се е во рацете на адвокатите. Искрено верувам дека ПСЖ ќе ја среди работата, дека се ќе се врати во нормала. Некогаш кога се разделувате, решавате кој ќе го добие станот, кој телевизорот, а кој автомобилот… слична е позицијата и сега, ние разговараме за такви работи. Се надевам дека клубот нема да упропасти се убаво што минавме сите овие години. Сакаме да ги паметиме само убавите работи од времето минато во Париз, но доколку не го платат она што го должат, ќе се видиме на суд бидејќи имаме цврст договор“, објасни мајката на Килијан Мбапе.

To top