Нов член на францускиот фудбалски клуб Олимпик Марсеј се очекува да биде францускиот репрезентативец Адриен Рабио.
29-годишниот играч летово се раздели со Јувентус, имаше преговори со неколку клубови, но неговите високи барања го оставија без клуб по крајот на преодниот рок. Сепак, сега Французинот се договори со Олимпик Марсеј и се очекува да пристигне на потпис.
Во следните 48 часа потписот на договорот ќе биде комплетиран, остануваат ситни детали пред да се постигне целосна согласност.