Во четвртокот полицијата во Амстердам уапси 147 лица, од кои 140 навивачи на Ајакс, по тепачка во метрото и судир меѓу приврзаниците на Ајакс и АЕК Атина.
Сите тие се уапсени за вандализам во метрото на станицата Весперплеин. Полицијата соопшти дека на лице место била интервентна единица.
Пред инцидентот во метрото, приврзаниците на Ајакс се судрија со полицијата која употреби палки во центарот на градот.
Освен тој инцидент, според полицијата, во центарот било мирно и благодарение на присуството на бројни полицајци.
Што се однесува до судирот во метрото, тоа се случило кога на станицата во исто време застанале возовите во кои одвоено патувале навивачи на двата тима. Со безбедносни мерки полицијата ги спроведе навивачите на АЕК до стадионот.
Фатима Туга, која пред полицијата беше задолжена за одржување на редот пред, за време и по натпреварот, оцени дека ваквите настани се неприфатливи