Спорт

Дуплантис за 12. светски рекорд: Имав голем притисок да победам пред баба ми

Дуплантис за 12. светски рекорд: Имав голем притисок да победам пред баба ми

Дуплантис за 12. светски рекорд: Имав голем притисок да победам пред баба ми

Двократниот олимписки шампион, шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис се осврна на својот 12-ти светски рекорд во скок со стап.

Дваесет и петгодишниот спортист се истакна на сцената на Дијамантската лига во Стокхолм, покажувајќи резултат од 6 метри 28 сантиметри.

-Баба ми сакаше да ветам дека ќе го соборам светскиот рекорд денес. И го направив тоа. Имаше голем притисок да победам пред баба ми. Затоа мило ми е што успеав да го направам тоа за неа, изјави Дуплантис за „STV“.

Својот претходен светски рекорд (6,27 м) Швеѓанецот го постави во март на натпревар во Клермон (Франција).

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Пред Дуплантис, светскиот рекорд 6,14 метри цели 26 години беше сопственост на Сергеј Бубка, украински атлетичар кој скокаше за тогашниот СССР. Во 2020 година тогаш 20-годишниот Дуплнтис скокна 6,15 метри за време на Дијамантската лига во Рим.

To top