Спорт Пинг понгарска Федерација на Македонија.

Балканско првенство со 11 репрезентативци и учество на Јован Пармачки на Европски камп за млади надежи

Со бројна репрезентација на Балканското првенство до 15 и 19 години, Јован од Берово на Европски камп за млади надежи во Португалија

Балканско првенство со 11 репрезентативци и учество на Јован Пармачки на Европски камп за млади надежи

Од 24-ти до 28 Јуни во Грција се одржува Балканското првенство во категориите до 15 и 19 години, а нашата репрезентација учествува со 11 учесници. Репрезентацијата е предводена од тренерите Гоце Тошески и Христијан Јовановски.

Од денес до 1-ви Јули Јован Пармачки од ППК Зегин Берово учествува на Европски камп во Порто, Португалија. Како еден од најперспективните во најмладите категории Пармачки е избран да учествува на овој камп и истиот носи квалификациска можност за Светскиот камп за млади надежи.
Пармачки го предводат тренерот Зоран Јованоски и Горан Тиловски.

Влогот во младите перспективни играчи останува приоритет на Пинг понгарската федерација на Македонија и Федерацијата позитивно одговара особено на можностите за меѓународен напредок на играчите

To top